Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
10.03.2014
...
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
ОПШТИ ПОДАТОЦИ
 Оваа интернет страна е заменета со Судскиот Портал на Република Македонија.
Истата ќе биде активна најмногу до Април 2017 година.
This website is replaced by The Judicial Portal of the Republic of Macedonia.
It will be active maximum until April 2017.

 
НАДЛЕЖНОСТИ НА ОСНОВЕН СУД КАВАДАРЦИ

Согласно Законот за судови (Сл. Весник на Р. Македонија бр.58/06 од 11.05.2006 година) Основниот суд Кавадарци е суд со основна надлежност

Член 30
(1) Основните судови со основна надлежност за подрачјата за кои се основани, се надлежни да одлучуваат во прв степен по кривични дела и прекршоци, и тоа:
- за кривични дела за кои со закон како главна казна е определена казна затвор до пет години, ако за некои кривични дела не е предвидена надлежност на друг суд,
- за кривични дела за кои со посебен закон е определена надлежност на суд со основна надлежност,
- да спроведуваат истрага или истражни дејствија за кривични дела од својата надлежност,
- за сите видови на прекршоци, освен за прекршоци кои со закон се ставени во надлежност на орган на државна управа или организација или друг орган што врши јавни овластувања и
- за жалби и приговори за постапките за кои се надлежни овие судови.
(2) Основните судови со основна надлежност се надлежни да одлучуваат во прв степен по граѓански спорови, и тоа:
- за спорови во имотно - правните и други граѓанско - правни односи на физички и правни лица, чија вредност е до 15.000 евра во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
- за спорови за утврдување и оспорување на татковство, мајчинство,утврдување на постоење на брак, за поништување на брак и развод на брак,
- за законска издршка,
- за чување и воспитување на деца,
- за смеќавање на владение,
- за доживотна издршка,
- за надоместок на штета која не надминува 15.000 евра во денарска противвредност,
- во постапка за обезбедување и извршување,
- за работни односи,
- во спорови од наследно - правни односи,
- во вонпарнични и оставински работи,
- да водат тапии и
- за други работи утврдени со закон.

Месна надлежност

Основниот суд во Кавадарци се основа за подрачјето на општините Кавадарци и Росоман.

 

ГАЛЕРИЈА НА ФОТОГРАФИИ
 
ОДЛУКИ НА ОСНОВНИОТ СУД КАВАДАРЦИ
 
Искористете ја формата прикажана подулу за пребарување во базата на одлуки на Основниот Суд Кавадарци.
За подобро филтрирање на резултатите искористете ги и дополнителните полиња за категорија на документот и датум.
 
име или дел од името:
категорија и/или подкатегорија:
датум на донесување на одлуката:
од:   до: